МРТ дознава: Возачот на џипот одговорен за сообраќајната несреќа во која загина Петар Милошевски!

15.03.2014 14:40

Увидот на самото место покажал дека 62 годишниот жител на кумановско Малитино направил серија сообраќајни прекршоци, непорописно претекнувал, зборувал на мобилен телефон, возел пребрзо и без светла...

Возачот на џипот кој завчера директно се судри со возилото на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) е одговорен за стравичната сообраќајна несреќата, дознава МТВ од извори на истрагата.

Увидот на самото место покажал дека 62 годишниот жител на кумановско Малитино направил серија сообраќајни прекршоци, непорописно претекнувал, зборувал на мобилен телефон, возел пребрзо и без светла.

Ова е документирано во записникот од увидот на самото место и вештачењето на возилата.

Стравичната несреќа се случи во четвртокот околу 23:35 часот на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово.

Животот го загуби директорот на Фудбалската репрезентација на Македонија, Петар Милошевски, а повреден беше и Претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.

 

Анита Димитријевска