УНИЦЕФ: Две милијарди дози вакцини за земјите во развој

24.11.2020 15:40

Речиси 2 милијарди дози од вакцината против Ковид 19, ќе добијат земјите во развој следната година во „Мамутската операција“, соопшти организацијата УНИЦЕФ.

Речиси 2 милијарди дози од вакцината против Ковид 19, ќе добијат земјите во развој следната година во „Мамутската операција“, соопшти организацијата УНИЦЕФ.

Додадоа дека соработуваат со 350 авиокомпании и логистички за доставување на потребните вакцини и инјекции во сиромашните земји како Бурунди, Авганистан и Јемен, како дел од Ковакс, глобален план за дистрибуција на вакцини против Ковид-19 на Светската здравствена организација.

Се очекува до крајот на годината здравствените регулатори да ги одобрат првите вакцини против Ковид- 19.