Прилеп

Почна откупот на тутунот, за тутунарите цените ниски

25.11.2020 15:14

Почна откупот на тутунот во Прилепскиот тутунски комбинат. Рано е за процена на текот на кампањата, но се очекуваат заштита на здравјето на тутунарите и реални цени. Тутунарите незадоволни од класите, Созуот на земјоделските здруженија вели дека ќе ги заштити...

Прилепскиот тутунски комбинат ги отвори вратите за откупот на тутунот од годинашнава реколта. Тутунарите, според распоредот се на вагите. Родот помал, но квалитетен. Ама, уште во почетокот, има незадоволство од процената и класите.

Само две од 10-те откупни компании во земјава ги отворија пунктовите. Со Прилепскиот комбинат и Сокотаб од Битола, а до 5-ти декемеври ќе почнат сите откупувачи. Парите се обезбедени, но за прва процена е рано. Не се очекуваат проблеми, битно е откупот да се одвиве со заштита на здравјето на тутунарите, без турканици  и со реална процена, смета Министерството за земјоделство.

Комбинатот ќе плаќа по еден ден од откупот. Сојузот на земјоделските здруженија ќе ги штити тутунарите за да добијат реална цена при откупот. Ќе почекаат сите 10 откупувачи да ги отворат пунктовите.

Откупот ќе трае до крајот на февруари, но за евентуално пролонгирање зависи од текот на откупната кампања. Годинава реколтата се цени на 23.000 тони.

 

Елизабета Митреска