Заев: АСНОМ е потврда на македонскиот јазик и идентитет

26.11.2020 15:07

АСНОМ е потврда на македонскиот јазик и идентитет. Нашата државност почива на антифашизмот, премиерот Заев со дообјаснување на ставовите во интервјуто за БГНЕС. Според Заев, градењето мостови на пријателство е патот кон членството во Унијата. Власта се подготвува за нов договор со Бугарија, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, избришани се црвените линии, а Заев се откажа од антифашистичката борба...

„АСНОМ е историска потврда на нашиот македонски јазик и идентитет. Врз основа на тие вредности градиме мостови на пријателство меѓу народите“, рече премиерот Заев појаснувајќи ги ставовите во интервју за бугарски медиум по кое имаше низа рекции.

Вели дека Бугарија ја признава реалноста за македонскиот јазик и идентитет и ги повика тоа да го сторат јавно. Порача- македонскиот и бугарскиот народ да се соочат со прашањата од историјата. Европа ги реши прашањата на европски начин, да се прости, но да не се заборави. Ред е и Балканот да ги реши прашањата на ист начин. Да градиме пријателство низ призмата на подавање рака.

Алармот е вклучен, а тезите на Заев во интервјуто значат подготовка за ново откажување, нов непринципиелен договор на штета на македонската држава и народ, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Опозицијата смета дека не треба да се дозволи Заев да ги погази македонските црвени линии. Му порачуваат да ги штити интересите на народот чиј премиер е.

Од СДСМ со реакција на прес- конференцијата на Мисајловски- антидржавното ВМРО-ДПМНЕ со години ги погазува АСНОМ и НОБ, нека не ги валкаат светите имиња на македонските партизани.

 

Наташа Гркова- Петрушевска