Кризна состојба

Припадниците на Армијата во помош на полицајците за зачувување на редот во ковид-центрите

26.11.2020 15:16

Припадниците на Армијата ќе им помагаат на полицајците за зачувување на редот во ковид-центрите. Нивната распределба ќе се прави според барањата на болниците. Одбраната на располагање го става и медицинскиот кадар...

Припадниците на Армијата се подготвени да се вклучат во обезбедувањето на болниците, ковид- центрите и магацините на здравствените институциии.  Според побарувањата од Министерството за здравство, ќе почне распоредувањето на војниците. Министерството за внатрешни работи е во постојана координација со Армијата и со здравствените власти за тоа колку луѓе и каде ќе бидат распоредени. 

Освен Армијата, одбраната на располагање го става и здравствениот кадар, најави министерката Шекеринска.

За полесно справување со кризите, надлежните ќе користат компјутерски систем. Секоја институција ќе биде должна да внесува податоци и да ги обновува, за да можат другите установи да ги користат. На тој начин ќе може брзо и навремено да се дејствува.

 

Наташа Јанчиќ- Менковски