Прилепскиот Кризен штаб бара поригорозни мерки

26.11.2020 14:41

Прилепскиот Кризен штаб ситуацијата со Ковид-19 во градот ја оценува какао влошена и крајно загрижувачка. Бара од Главниот кризен штаб да се донесат рестриктивни мерки. Во меѓувреме спроведува локални...

Заострување и воведување дополнителни рестриктивни мерки за целата општина, бара прилепскиот од главниот кризен штаб во државава. Кризниот штаб ситуацијата ја оценува како влошена и крајно загрижувачка, а за тоа зборуваат бројките.

Градот очекува одговор за еден ден. Во меѓувреме се зајакнувата локалните мерки и она што е најпотребно- медицински персонал. Матичните лекари од утре ќе ротираат со по два тима во Инфективното.

Спасувачката служба „Златврв“ со 30-ина волонтери ќе обезбедува ред пред здравствените и другите институции, пред банките. Ќе асистира полицијата. Ќе им се помага на болните и изнемоштени со намирници и лекови до домот. Градот бара да се пријавуваат нови волотери.

Во Прилеп се активни преку 1.021 случај, 117 се лекуваат во ковид- одделите во болницата која располага со вкупно 140 легла. Од почетокот на пандемијата се заразиле преку 2.700 граѓани, а битката со вирусот ја загубиле 125. Последното деноноќие, за првпат по речиси еден месец нема починат.

 

Елизабета Митреска