Превентивата и грижата за оралното здравје бележат пад за време на пандемијата
Во пандемијата со Ковид-19 сѐ поретки, советите и рекламите за одржување на здрави заби и солидна орална хигиена. На периодичните прегледи ги нема ниту оние со најпрефинетите вкусови. Стоматолозите велат дека превентивата и грижата за оралното здравје, бележат пад и до 70 насто. Апелираат на зголемена домашна превентива.

Пандемијата ги стопира навиките и на оние најприбирливите кога е во прашање убавиот изглед на забите. 28-годишниот Кире Стојковски вели дека дотогаш не испуштил ниту еден од вообичаените периодични стоматолошки прегледи. Под стравот од вирусот на стоматолошкиот стол се седнува само во хитните моменти.
Стоматолози велат дека навиките за оралното здравје бележат пад и до 70 проценти. Теодора Соколовска веќе седма година е матичен стоматолог, вели, посетите на пациентите се драстично намалени. Главно доаѓаат оние со најитни потреби.
Последиците од недоволното одржување на оралното здравје ќе се рефлектираат по некоја година, вели Соколовска. Во вакви услови апелира за поголема домашна превентива.
Грижа за здравјето на пациентите, но и иднината на нивното опстојување. Професијата која носи голем ризик фактор трпи големи финансиски загуби. Во уште понезавидна состојба се и колегите кои опстојуваа од посетите на нашите иселеници и пациентите од соседна Грција.
Стевче Митревски
