Струмица се вклучи во акцијата 16 дена активизам против семејно и родово базирано насилство
Струмица се вклучи во акцијата 16 дена активизам против семејното насилство. Споменикот „Жена под маска“ во центарот на градот светна во портокалова боја. Испратена пораката- жените да ги тргнат маските и да пријават насилство...

Со поставување портокалова панделка на споменикот „Жена под маска“, Струмица симболично се вклучи во акцијата 16 дена активизам приотив семејно и родово базираното насилство. Време е жените да ги симнат маските и да проговорат за насислтвото што го трпат. За тоа зборуваат и поразителните бројки на струмичкиот Центар за згрижување на жртви од семејно насилство, каде што најмладата жртва годинава беше 18 месечно бебе, а најстарата 84 години.
Општина Струмица и во наредниот период ќе остане посветена и родово сензибилизирана општина која располага со родово базиран буџет преку кој се финансира и Шелтер центарот.
Во наредните денови, ќе течат активностите за јакнење на јавната свест против семејното насилство. Меѓудругото, здружението „Скај плус“ ќе го промовира новиот документарен филм, Жените жртви на семејно насилство во време на ковид.
Погледите на инволвираните се насочени кон Собранието каде што влегува новиот Закон за заштита на жртви од семејно наислтво кој во себе ги има инкорпорирано препораките на Истанбулската конвенција, чија цел е организиран пристап во зашитата на жртвите.
Стојне Митева
