Без соодветни мерки за поддршка, рент-а-кар секторот пред целосен колапс
Оттаму, велат дека падот за 2020 година е поголем од 80 насто, со што се доведува во прашање понатамошното егзистирање на дејноста. Работата на секторот во последните години е отежната и поради проблемот на нелојалната конкуренција.

Рент-а-кар компаниите во услови на корона-криза, се оставени без соодветна финансиска помош, и се соочени со опасност од целосен колапс, реагира групацијата при Сојузот на стопански комори на Македонија.
Оттаму, велат дека падот за 2020 година е поголем од 80 насто, со што се доведува во прашање понатамошното егзистирање на дејноста. Работата на секторот во последните години е отежната и поради проблемот на нелојалната конкуренција.
Од групацијата бараат Владата итно да обезбеди неповратна финансиска помош за овие компании, но и посебен пакет-мерки за да се спречи целосен колапс.
Во Скопје има регистрирано повеќе од 50 рент-а-кар компании, а во целата држава бројот надминува 200. Лани оствариле вкупен прилив на девизи од странство од над 20 милиони евра.
