Што е емоционална интелигенција и зошто е важна
Емоционалната интелигенција е способност за перципирање, контролирање, вреднување и изразување на емоциите, способност да се препознаат, прифатат и соодветно да се употребат за олеснување на сите животни предизвици и релации со другите луѓе како и со себеси, и секако самосвест за за развивање и унапредување на емоционалната интелигенција во функција на интелектуалниот развој.

Некои научници сметаат дека емоционалната интелигенција е вродена, а други дека таа се учи и се подобрува. Во 1990 година водечките научници во подрачјето на емоционалната интелигенција Питер Саловеј и Џон Д. Мајер одредиле 4 главни подрачја на емоционалната интелигенција.
Перцепцијата на емоциите е првиот чекор за точно разбирање на емоциите. Тоа ги вклучува и невербалните сигнали како говорот на телото и изразите на лицето.
Способноста за разумно користење е следниот чекор кој го унапредува размислувањето и когнитивните активности. Емоциите ни помагаат да ги избереме приоритетите на кои треба да се фокусираме за начинот како ќе реагираме.
Рабирање на емоциите. Емоциите што не ги гледаме може да имаат широка палета на значења. Ако некој изразува бес, набљудувачот мора да ја пронајде причината на бесот и да протолкува што би можеле да значат тие емоции. На пример ако вашиот колега или шеф се лути, тоа би можело да значи дека не е задоволен со својата или вашата работа, но исто така може да има друга причина како претходна кавга во семејството, или сообраќајна казна на патот до работа или нешто трето. Затоа е важно да ја разбере емоцијата на другите за да знаеме како правилно да управуваме со неа и како да реагираме во дадената ситуација.
Способноста за управувањето со емоциите е клучен дел на емоционалната интелигенција. Регулирањето на емоциите, реагирањето на соодветен начин и способноста да се реагира на туѓите емоции се важен аспект на емоционалниот ангажман, и од него зависи целокупната емоционална интелигенција, а последично и успехот во приватниот и професионалниот живот.
Луѓето со висока емоционална интелигенција правилно управуваат со своите емоции, јасно и директно зборуваат за нив и знаат да ги образложат. Никогаш не допуштаат да ги совладаат негативните емоции како што се стравот, лутината, бесот, тагата, вината,туку ги препознаваат ги разбираат причините за таквите состојби и успешно користат за позитивно дејствување. Снаодливи се, воспоставуваат здрави релации со партнерите, пријателите и колегите. Тие се поуспешни во многу подрачја на својот живот, особено во професионалниот, што е докажано во многу научно- истражувачки студии.
Спротивно на нив луѓето со ниска емоционална интелигенција имаат проблем во сите сфери на животот. Немаат квалитетен друштвен живот ниту кариера и не се снаоѓаат во многу ситуации. Распаднатите бракови најчесто се одраз на емоционално незрело однесување.
Постојат научни докази дека емоционалната интелигенција е поврзана со позитивната психологија и дека е важно наместо да се критикуваат, луѓето треба да се поттикнуваат. Не треба да им се вели на луѓето дека се лоши туку дека нивните постапки се лоши и дека може да ги поправат или променат.
Емоционалната интелигенција може да се развие со текот на животот со континуиран труд и помош базирана на специјализирани концепти и програми за развој на емоционалните способности, како и стручни луѓе кои настојуваат да ја подобрат едукацијата за важноста на позитивни особини на секој поединец.
Соња Стојановска
