Загреб како загревање за Хамбург!
Преносот од дуелот Вардар - Загреб ќе биде на МРТ1 во 17 часот и 45 минути...

Со дуелот во „Кале“, Вардар и Загреб ќе го завршат лигашкит дел на СЕХА конкуренцијата и ќе ја најават многу веројатно меѓусебната полуфинална пресметка на завршниот тирнир од 11 до 13 април во Нови Сад.
Ако црвено – црните триумфираат ќе нема дилеми и ќе бидат трети, Загреб втор и исто како на првиот „фајнл – фор“ пред две години ќе играат за пласман во големото финале. Во случај на победа на Загреб, тогаш вардарци ќе му се спротивстават на лидерот Татран со претпоставка дека Словаците ќе слават на гостување кај последнопласираниот Партизан.
За ракометарите на Вардар ова ќе биде генерална проба пред првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против актуелниот освојувач Хамбург што за седум дена ќе се одигра во Скопје. Од македонскиот шампион најавија дека нема да калкулираат и да се штедат, бидејќи сакаат да го одржат добриот ритам од две победи и тоа на гостувањата во СЕХА лигата.
Хрватскиот првак кој во неизвесен дуел во Загреб славеше со 30:29, во Скопје доаѓа без шесторица ракометари, со само 14 и ослабен за првиот стрелец Хорват кој досега постигна 88 голови, потоа без Мандалиниќ, Обрановиќ, Сушња и Ковачевиќ.
Преносот од дуелот Вардар - Загреб ќе биде на МРТ1 во 17 часот и 45 минути...
