САД

Трамп ќе ја напушти Белата куќа ако електорите ја потврдат победата на Бајден

27.11.2020 10:34

Трамп не кажа дали ќе присуствува на инаугурацијата...

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја напушти Белата куќа доколку Изборниот колеџ потврди дека Џо Бајден победил на изборите.

Инаугурацијата на 46 американски лидер е на 20 јануари, но републиканецот не коментира дали ќе присуствува на церемонијата. Трамп и натаму тврди дека изборниот процес бил измама иако повеќето судови ги отфрлија тужбите поднесени од неговата кампања.

Демократот и поранешен потпреседател на САД освои 306 електорски гласови со што го надмина прагот од потребните 270. Електорскиот колегиум ќе одржи средба на 14 декември, а гласањето е врз основа на резултатите во нивната држава.