Властите во САД стравуваат од нов бран во декември
Здравствените власти во САД очекувааат нов бран заразени за божиќните празници бидејќи многумина Американци одлучија да патуваат за Денот на благодарноста, и покрај предупредувањата за следење на протоколите за ковид-19.

Во изминативе пет дена, на аеродромите поминале еден милион луѓе, што е за 60 проценти помалку отколку во истиот период минатата година, но е најголем број патници од почетокот на пандемијата од март.
Две американски, една британска и една кинеска компанија најавија дека наскоро очекуваат нивните експериментални вакцини да почнат да се користат, откако минале масовни тестирања врз луѓе и притоа покажале голема ефикасност.