Полска и Унгарија против условите за пристап до буџетот
Будимпешта и Варшава не дадоа поддршка за буџетот од 1.800 милијарди евра кои се витални за враќање на економијата на 27-те земји-членки...

Полска и Унгарија ги здружија силите против условите за пристап до седумгодишниот буџет и фондот за закрепнување на ЕУ. Премиерот на Унгарија Виктор Орбан тврди дека поврзувањето на фондовите со владеењето на правото би можело да биде катастрофално за Унијата.
Будимпешта и Варшава не дадоа поддршка за буџетот од 1.800 милијарди евра кои се витални за враќање на економијата на 27-те земји-членки. Одлуката веројатно ќе го одложи доделувањето на средствата во период кога ЕУ се соочува со вториот бран на пандемијата со ковид-19.
„Со нивната изјава, Полска и Унгарија се движат кон уште поголема изолација“, изјави висок дипломат од ЕУ.
