Филипче: Епидемијата го достигна пикот минатата недела, бројот на активни случаи се стабилизира
Пикот го поминавме минатата недела, состојбата со нови позитивни случаи се стабилизира- уверуваат здравствените власти. Министерот вели, притисокот се намалува, засега нема потреба од нови рестриктивни мерки. Филипче тврди- за лекување на пациенти според клиничката слика и состојба се користи терапија со докажани лекови...

Оптимистички тонови пристигнуваат од здравтсвените власти. Врвот на епидемијата бил достигнат минатата недела, кога беа регистрирани рекордни 1.400 новозаболени. Филипче вели, од тогаш бројките благо се намалуваат и се стабилизираат. Испрати повик до граѓаните дека вирусот ќе биде присутен, бидејќи е широко распростанет, затоа треба да се почитуваат мерките.
Засега не се планираат дополнителни рестриктивни мерки во градовите каде вирусот е најраспространет, министерот смета дека актуелните даваат резултати. Сепак, смртноста на пациентите поради компликации од коронавирусот расте во светот и кај нас. По реакциите на лекарите дека можеби се води погрешна стратегија во лекувањето, Филипче со одговор - специфична терапија нема никаде во светот, не се препорачуваат лекови кои не се докажани дека помагаат при лекувањето.
Филипче како позитивни ги оцени најавите за вакцините кои се во завршна фаза, а во земјава ќе бидат достапни преку Ковакс- механизмот на Европската унија.
Андријана Атанасовска
