Ковид- 19 однесе уште два млади животи во Битола
Не стивнува црната ковид- статистика во Битола, поинтензивно започната од почетокот на месецов. По последниот извештај со шест починати и 87 новозаболени, е на второто место по Скопје. Граѓаните ожалостени и вознемирени. Од погребалните петпријатија велат дека последниов месец бројот на погреби е двојно, а некои денови и тројно зголемен...

Ковид-19 зеде уште два млади животи во Битола. Меѓу шесте починати од последниот извештај, двајца биле на возраст од 38 и 39 години. Од Болницата велат дека и двајцата пациенти биле донесени во многу тешка состојба и со ниски сатурации. Инфективното одделение го доживува најтешкиот период од своето постоење. Последниов месец речиси нема ден на платото да не се забележат погребалните возила.
Граѓаните со тага и загриженост што вирусот веќе неколкупати посегна по животите и на помладата популација, а по извештајот за последното деноноќие со 87 новоинфицирани, нивниот град беше веднаш зад Скопје.
Апели и видувања кои сосема се оправдани ако се знае дека досега се регистрирани 90-ина смртни случи, а во моментов се активни околу 850 лица, а вирусот речиси е влезен во сите индустриски капацитети и установи. Инаку до изутрината на инфективното одделение се хоспитализирани околу 55 пациенти и има 20-ина слободни легла.
Стевче Митревски
