Заев: Главен организатор на „27-ми април“ е Груевски
Груевски бил главниот организатор, а не Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Трајко Вељаноски, сведочеше премиерот Заев за настаните на 27-ми април. Вели, имал сознанина дека овие обвинети биле изманипулирани. Рочиштето беше прекинато, на еден од обвиниетите поради покачена температура не му бил дозволен влез во судот...

Поранешниот спикер Вељаноски, како и некогашните министри Јанакиески, Ристовски и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, се изманипулирани од главниот организатор Никола Груевски на настаните од 27 април во Собранието, рече во судницата премиерот Заев, кој беше сведок на одбраната.
Сметам дека не се главни осмислувачи и организатори и верувам дека тие самите посакуваат ова да не се повтори, за што се гаранција ваквите судски постапки. Како човек жртва на тој настан, сметам дека бев прв таргет на група со цел одземање животи. Одбраната на обвинетите беше изненадена од ваквото сведочење, по што очекува обвинението да падне.
Обвинителството потсети дека сведокот Заев не бил повикан како вешто лице за да дава свое мислење, туку бил повикан како сведок на одбраната, а во сведочењето не дал ниту еден доказ.
Судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27-ми април беше прекинато по паузата бидејќи на обвинетиот Ристовски не му беше дозволен влез во судската зграда поради покачена телесна температура.
Фиљана Кока
