Спасовски: Состојбата од безбедносен аспект е мирна и стабилна

27.11.2020 15:02

И покрај прогласената кризна состојба од безбедносен аспект, ситуацијата е мирна и стабилизирана, вели министерот за внатрешни работи Спасовски. Полицијата и Армијата со заеднички оперативни активности во обезбедување на објектите...

Кризната состојба не значи повеќе полиција и војска на улиците, туку можност за користење на сите капацитети во борбата со Ковид- 19, вели министерот за внатрешни Спасовски. Од безбедносен аспект состојбата ја оцени како мирна и стабилна без разлика на прогласената кризна состојба.

Веќе оперативно заеднички функционираме со Армијата, рече Спасовски. Распоредени се луѓе за обезбедување односно припадници на полицијата и на Армијата на објектите кадешто е неопходно.

Спасовски очекува целосно да биде испочитуван акцискиот план. Од Главниот штаб за управување со кризи известуваат за утврдените сили и средствата со коишто армијата дава поддршка на Министерството за внатрешни и на Министерството за здравство.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска