Ѓоковиќ и Федерер по ново меѓусебно финале
На првиот тениски турнир од годинашната Мастерс 1000 серија во Индијан Велс, вечер ќе бидат одиграни двата полуфинални меча: Роџер Федерер-Александар Долгополов и Новак Ѓоковиќ-Џон Изнер.

На првиот тениски турнир од годинашната Мастерс 1000 серија во Индијан Велс, вечер ќе бидат одиграни двата полуфинални меча: Роџер Федерер-Александар Долгополов и Новак Ѓоковиќ-Џон Изнер.
Пласманот меѓу најдобрите четири Ѓоковиќ го избори со лесниот четвртфинален триумф над Жулиен Бенето. Светскиот рекет број 2 немаше ни најмали проблеми, победувајќи го Французинот со 6-1 и 6-3 по сетови. Србинот е двоен победник на турнирот во Индијан Велс досега, во 2008 и во 2011, а се надева дека низата успеси на секоја трета година ќе ја продолжи и оваа 2014.
Претпоследна пречка на патот кон новиот трофеј на овој турнир ќе му биде Изнер, којшто во квартетот најдобри се најде со победата над Ернестс Гулбис. Американецот го доби првиот сет во тај-брејк, но вториот го загуби со 6-3, по што со идентичен резултат го освои решавачкиот трет сет.
Во шесте меѓусебни соочувања досега, Ѓоковиќ има четири победи против Изнер.
Уште завчеравечер, во првите четвртфинални дуели, Роџер Федерер го совлада Кевин Андерсон со 7-5 и 6-1 по сетови, а Александар Долгополов го исфрли Милош Раониќ, победувајќи со 6-3 и 6-4 по сетови.