Армијата и полицијата од денес ја обезбедуваат струмичката болница

27.11.2020 16:43

Армиски припадници и полициски службеници од денес ја обезбедуваат струмичката болница. Лекарите стравуваат за својата безбедност од несоодветните реакции на семејствата чиј што близок ќе почине по компликации од Ковид 19...

Од денес струмичката болница ја обезбедуваат четворица припадници на Армијата, како и четворица полициски службеници. Од управата на болницата велат, доколку е потребно ќе бараат поголемо засилување.

Една од најчестите слики по смрт на ковид пациент, блиски на починатиот  реагираат бурно и несоодветно, а настрадува медицинскиот персонал. Директорот на болницата вели дека сами не можат да се справат со конфликтните ситуации, па затоа помош побарале од војската и полицијата.

Алармот за ковид состојбата во болницата се уште е на црвено. 89 пациенти е вкупната бројка која циркулира. 49 од нив се сместени на инфективно, а останатите примаат дневна терапија. Гогов вели, рано е уште за позитивни прогнози.

600 струмичани се активни во моментов на Ковид- 19.

 

Стојне Митева