Чекална во шатор пред инфективното одделение во Штип
Со цел да им се олесни на граѓаните кои чекаат да бидат тестирани за Ковид- 19, поставен е шатор пред ковид- центарот во Штип. Бројот на пациенти неделава е малку помал од претходната, но не се намалува бројот на пациентите кои се во тешка состојба, а скоро секојдневно има и починати...

Поставен е шатор пред инфективното одделение во Клиничка болница- Штип, барем малку да им се олесни на граѓаните кои чекаат тестирање за Ковид- 19. Опремен е со средства за дезинфекција, греење и два влеза.
Општинскиот Црвен крст и Извидничкиот одред „Еквинокс“ се реализатори на оваа иницијатива. Од почетокот на пандемијата секојдневно се вклучени во помош на граѓаните
Неделава, во споредба со претхподната, намален е бројот на пациенти во ковид центарот во Штип, но смртноста се уште е висока, велат од болницата, каде денес има 57 пациенти, од кои 28 се со тешка клиничка слика и на кислородна поддршка.
Денес почина пациентка на возраст од 61 година.
Славица Величковска
