САД

Бајден во болница поради незгода

30.11.2020 10:17

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден се здобил со мали фрактури на стапалото откако се лизнал додека си играл со едно од неговите кучиња...

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден се здобил со мали фрактури на стапалото откако се лизнал додека си играл со едно од неговите кучиња, поради што најверојатно ќе мора да носи заштитна обувка неколку недели.

Како најстар претседател во историјата, Бајден треба да положи заклетва на 20-ти јануари следната година, а сојузниците, како и ривалите, најверојатно внимателно ќе го следат неговото здравје.