Измените на собранискиот Деловник пред Комисија за деловнички и мандатно- имунитетни прашања
Потребата за донесување на предлог дополнувањето на Деловникот, беше изгласана со 61 глас „за“ и без присуство на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на собраниската Комисија за деловнички и мандатно- имунитетни прашања, Панчо Минов за денеска закажа седница на која треба да се разгледуваат евентуалните пристигнати амандмани за дополнувањето на Деловникот за работа на законодавниот дом, што се носи по скратена постапка, а со којшто ќе се овозможи онлајн изјаснување на пратеници заразени со Ковид-19 и во изолација.
Потребата за донесување на предлог дополнувањето на Деловникот, беше изгласана со 61 глас „за“ и без присуство на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицијата смета дека ваквите измени се противуставни. Предлогот го поднесе претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој потенцира дека се однесува само на пратеници кои ќе имаат решение за изолација поради Ковид-19.
