Концерт на четирирачно дуо на пијано

30.11.2020 10:36

Концертот се одржува во рамки на манифестацијата „Есенски музички свечености“ што ја организира Дирекцијата за култура и уметност под покровителство на Министерството за култура...

Во фоајето на Националната опера и балет вечер пијанистките Ана Гацева и Татјана Џорлева ќе одржат концерт на четирирачно дуо на пијано. На програмата се дела за пијано четирирачно од А. Дворжак, Ј. Новак и Е. Григ.

Концертот се одржува во рамки на манифестацијата „Есенски музички свечености“ што ја организира Дирекцијата за култура и уметност под покровителство на Министерството за култура.

Организаторите најавуваат дека концертот ќе се одржи согласно протоколот за организација на настани во време на Ковид-19, односно задолжително е носење на лична заштита на лицето, одржување на физичко растојание и задолжителна дезинфекција на рацете.