Шеќеринска преку видео- конференциска врска ќе учествува на состанокот САД – Јадранска повелба

30.11.2020 10:40

Ќе се дискутира за предизвиците на земјите од регионот во однос на пандемијата предизвикана од коронавирусот, како и важната улога на оружените сили во поддршка на здравствениот систем во борбата со пандемијата.

Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска преку видео- конференциска врска ќе учествува на состанокот САД – Јадранска повелба. Ќе се дискутира за предизвиците на земјите од регионот во однос на пандемијата предизвикана од коронавирусот, како и важната улога на оружените сили во поддршка на здравствениот систем во борбата со пандемијата.

Учесниците од земјите- членки, Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора и САД, ќе разговараат и за штетното влијание на дезинформациите, како и за процесот на евроатлантска интеграција и засилената регионална соработка.