Бензините поскапуваат од полноќ

30.11.2020 13:15

Ова е трета недела по ред како се зголемуваат цените на горивата...

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, се зголемуваат за еден денар.  Еуросупер БС-95 ќе се продава за 60,5 денари за литар, а 98-цата ќе чини 62,5 денари.

Малопродажните цени на еуродизелот и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за еден и пол денар. Дизелот и екстра лесното масло за домаќинство ќе се продаваат за 53 денари.

Ова е трета недела по ред како се зголемуваат цените на горивата. Како причина за промена на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат намалените референетни цени на светскиот пазар во изминатите седум дена на бензинот во просек, како и повисокиот курс на денарот во однос на доларот.