Филипче на состанок со директорите на ковид- центрите, состојбата низ болниците се стабилизира

30.11.2020 14:37

По напрвените анализи, заклучено е дека изминатата недела е достигнато платото по бројот на хоспитализирани пациенти и веќе има благ пад на бројот на хоспитализрани на дневно ниво.

Министерот Филипче утрово одржа состанок со директорите на ковид центрите од клиникте во  комплексот „Мајка Тереза“ на кој беше разгледана состојбата со бројот на хоспитализирани и слободни места по инфективните одделенија. По напрвените анализи, заклучено е дека изминатата недела е достигнато платото по бројот на хоспитализирани пациенти и веќе има благ пад на бројот на хоспитализрани на дневно ниво.

Очекуваме во наредиот период да има повеќе испишани отколку примени пациенти. На инфективните оддели има се повеќе слободни места. Секако ја следиме состојбата од ден на ден и подготвени сме за секое сценарио. Доколку овие прогнози не се остварат имаме на располагање и нови оддели и дополнителни болнички капацитети кои се спремни да се отворат, изјави министерот Филипче.

На сите инфективни оддели има слободни места со довод на гасови, а во наредните неколку дена ќе завршат градежните работи кои ќе овозможат да се отворат нови соби со довод на кислород.

Мерки кои Комисијата за заразни болести ги донесе дааавт резултат и бројаката на хоспитализации се стабилизра. Се надеваме дека овој тренд ќе продолжи – изјави Филипче.