ЕВРОПСКА УНИЈА
Полска и Унгарија отворени за нови предлози околу буџетот
01.12.2020 10:24
Брисел води истрага за двете земји поради загрозување на независноста на судовите и медиумите...

Полска и Унгарија се подготвени за нови предлози околу буџетот на ЕУ со што би се решил спорот за механизмот кој го условува пристапот до фондовите со владеењето на правото.
Двете земји ја блокираат исплатата на 1,8 милијарди евра, од кои голем дел се наменети и за економското закрепнување по вториот бран на пандемијата со ковид-19.
Според Варшава и Будимпешта, владеењето на правото не смее да биде услов за добивање финансиски средстсва. Официјален Брисел води истрага за Полска и Унгарија поради загрозување на независноста на судовите и медиумите.
