Самитот „Македонија 2025“ во живо на МТВ
Годинава поради Ковид- 19 самитот ќе се одржи во хибриден формат, а ќе биде пренесуван во живо на првиот канал на МТВ...
Денеска почнува виртуелниот самит „Македонија 2025“. Меѓу учесниците на панелот за „Светот во време на криза- економски реформи и глобалните односи во Југоисточна Европа“ ќе дебатираат и премиерот Зоран Заев, евроамбасадорот Дејвид Гир и американската амбасадорка Кејт Мари Брнз.
Годинава поради Ковид- 19 самитот ќе се одржи во хибриден формат, а ќе биде пренесуван во живо на првиот канал на МТВ од 15 часот.
На Самитот ќе стане збор за пандемијата и здравствената и економската криза, но ќе се стави акцент и на заздравување на економиите, економските реформи, како и претставување на успешни примери и најдобри практики кај компаниите од земјава и светот.
Во рамки на Самитот кој ќе трае до 3-ти декември, предвиден е и настан со претседателот Стево Пендаровски и успешните млади Македонци за иновациите и кодирањето.
Самитот ќе го отворат претседателката на Бордот на директори на „Македонија 2025“, Вера Ставроф и извршната директорка Никица Мојскоска Блажевски.
