КОВИД-19

„Модерна“ бара регистрација на вакцината

01.12.2020 11:15

Американската биотехнолошка компанија „Модерна“ бара итно одобрување од здравствените регулатори за својата вакцина за Ковид-19.

Американската биотехнолошка компанија „Модерна“ бара итно одобрување од здравствените регулатори за својата вакцина за Ковид-19.

На 17 декември, Агенцијата за храна и лекови на САД ќе расправа за барањето на „Модерна“ чијашто вакцина е втората со голема делотворност која има шанса да добие зелено светло од регулаторите и да биде дистрибуирана до крајот на годинава.

СЗО тврди дека ќе преземе сè што е потребно за да се открие вистинското потекло на новиот коронавирус, негирајќи ги обвинувањата дека оваа агенција на ОН била наклонета кон Кина која засега се смета за извор на Ковид-19.

САД остануваат на врвот на списокот земји со најмногу заболени.