Уште еднаш победнички императив пред МЗТ!

15.03.2014 17:17

Тековната рунда од АБА друштвото може да има двојно значење за МЗТ Скопје...

Трката со Игокеа за шестата позиција во Јадранската лига повторно го става под принуда МЗТ Скопје. Особено што во 24-то коло македонскиот првак ќе игра пред своја публика против Широки, екипа што и во оваа сезона е на дното. Тимот од Аеродром има биланс 11-12, па со очекуван триумф во арената „Борис Трајковски“ ќе дојде до половично остварување во пресрет на завршните два меча, гостувањето кај Црвена Звезда и пресметката пред своите навивачи со Раднички.

Тековната рунда од АБА друштвото може да има двојно значење за МЗТ Скопје. Ако се остварат плановите против Широки, а доколку Игокеа загуби од Цибона в понеделник, тогаш нашиот состав ќе има идентичен ефект со екипата од Лакташи, со којашто веќе оствари превласт со успеси во двата меѓусебни дуела. Но сепак, вистинскиот пристап е „чекор по чекор“. Првиот е триумф над Широки во натпреварот што ќе почне во 19 часот. Преносот е на Првиот канал на Македонската телевизија.