Бројките на новозаразени и починати нема многу да се променат
Бројките на новозаразени и починати од Ковид-19 нема многу да се променат, вели најновата периодична математичка пресметка на битолскиот универзитетски професор Дејан Трајковски. Апелира за задржување на актуелните мерки пред почетокот на семејните слави, но и воведување на нови...

Осми ден сме зад достигнатиот пик. Ефективниот репродукционен број е паднат нешто под еден, вели најновата математичка пресметка на професорот Дејан Тајковски. Иако сме во режим на некоја постабилна состојба, кривите покажуваат дека следните десетина дена ќе продолжи дневното темпото од околу 1.000 новозболени и 30-ина смртни случаи. Во најоптимистичкото сценарио ќе опаѓа бројот на активни и хоспитализирани пациенти, но сепак црната статистика нема многу да се подобри.
Она што дополнително вознемирува е високата стапка на смтност на светската ранг листа. Моментално по оваа непопуларна статистика сме девети во светот, сметано по дневно починати на милион жители. Трајковски вели, графиконот дава уште полоша слика ако не сметаме на стапка од два милиони жители.
Битолскиот универзитетски професор смета дека актуелните мерки требаше да се донесат порано, но апелира и за воведување на нови, а не да стивнува по природен пат. Очекува ефект да даде и стекнатиот имунитет кај дел од населението. Како и останатите, спасот го гледа во вакцината, затоа како што вели, брановите ќе доаѓаат и одминуваат и понатаму.
Стевче Митревски
