Епидемилошката состојба во Тетово и Гостивар е критична
Епидемилошката состојба во полошко е критична, а во некои делови од овој крај е излезена од контрола, оценуваат кризните штабови од Тетовско- гостиварскиот регион. Како жаришта каде имаме брза трансмисија на болеста се сѐ уште семејните групирања, како и гужвите пред банките и на пазарите...

Изминативе неколку недели се евидентираат голем број на заразени со Ковид-19 во гостиварско, регион каде дневно има над 50 позитивни случаи. Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, смета дека ситуацијата е излезена од контрола, а болниците се преполни. Во периодов што следи во лекување на Ковид пациенти треба да се вклучи и останатиот лекарски кадар.
И од Кризниот штаб на Општина Тетово, оценија дека ситуацијата е критична. И покрај лошата епидемиолошка состојба проблемот со гужвите пред банките и на пазарите каде има висока трансмисија на болеста не се реши, а дел од граѓаните и натаму не ја сфаќаат сериозноста на болеста, велат од кризните штабови од полошко.
На неделно ниво во овој регион се казнуваат над 1.000 лица кои не носат заштитни маски.
Зоран Димовски
