Владата ќе побара од Собранието нови шест месеци кризна состојба

01.12.2020 16:04

Одлуката е донесена на денешната седница по предлогот од Комитетот за координација и управување со кризи кој бараше пролонгирање со став- поефикасно справување со пандемијата и целосна заштита на здравјето на граѓаните.

Владата ќе му предложи на Собранието, кризната состојба да биде продолжена за шест месеци.

Одлуката е донесена на денешната седница по предлогот од Комитетот за координација и управување со кризи кој бараше пролонгирање со став- поефикасно справување со пандемијата и целосна заштита на здравјето на граѓаните.

Ако добие зелено светло во Парламентот, наместо на 19- ти декември, кризната состојба ќе биде продолжена до средината на јуни следната година.