Премиера на претставата за бебиња „Облак во мала кутија“ во Театарот за деца и младинци

01.12.2020 13:29

„Облак во мала кутија“ е првата интерактивна театарска претстава за бебиња во државава. Претставата се изведува за ограничен број посетители согласно протоколите за заштита од Ковид-19.

Првата претстава наменета за бебиња на возраст од над една година „Облак во мала кутија“ вечер премиерно ќе биде изведена во Театарот за деца и младинци. Режисер на претставата е Бојана Лазиќ од Србија.

„Облак во мала кутија“ е првата интерактивна театарска претстава за бебиња во државава. Претставата се изведува за ограничен број посетители согласно протоколите за заштита од Ковид-19.

Во претствата играат Симона Спировска, Наташа Петровиќ, Ненад Митевски и Никола Наковски.

Нејзини гледачи се деца кои штотуку наполниле 12 месеци, како и нивните родители. Разни визуелни изненадувања, колективни игри, весела музика, палави зборови, необични форми и пријатна атмосфера се преплетуваат во претставата.

„Облак во мала кутија“ споредено со претставите за постари деца, младинци и возрасни луѓе, не е заснована на наратив туку на дејствија кои будат и провоцираат љубопитност. Содржините се прилагодени за возраста на публиката и осмислени се со цел да ги стимулираат сетилата и да ја поттикнуваат фантазијата.