Владо Бучковски именуван за специјален претставник за Бугарија

01.12.2020 16:43

Неговото назначување е во период кога Скопје прави напори за изнаоѓање решение со Софија, која се закнува со блокада на преговарачката рамка на Македонија за почеток на преговорите со Европската Унија.

Универзитетскиот професор Владо Бучковски ќе биде специјален претставник на македонската Влада во Бугарија. Поранешниот премиер и министер за одбрана на оваа позиција е именуван на денешната седница.

Неговото назначување е во период кога Скопје прави напори за изнаоѓање решение со Софија, која се закнува со блокада на преговарачката рамка на Македонија за почеток на преговорите со Европската Унија.

Бучковски го поддржа премиерот Зоран Заев по неговото интервју за Бгнес, што предизвика големи реакции во јавноста. Поранешниот лидер на СДСМ, во последно време е мошне често присутен и во медиумите во Бугарија, каде што ги пренесува своите ставови во однос на надминувањето на недоразбирањата.