Пандемијата и економската криза во фокусот на самитот „Македонија 2025“
Пандемијата и економската криза во фокусот, како да се изгради успешен бизнис- почна деветиот самит „Македонија 2025“. Се дебатира за економските реформи и глобалните односи во Југоисточна Европа. Човечкиот капитал и образовниот систем- приоритет на Владат, нагласи премиерот Заев...

Покрај економските пакети на поддршка, Владата работи фокусирано и на старт ап плановите. Човечкиот капитал и образовниот систем е првиот приоритет на кој е насочена Владата, рече премиерот Заев. Дел од приоритетите се и економските перформанси, привлекување домашни и странски инвеститори, борбата против криминалот и корупцијата, екологијата, енергетиката и дигитализацијата.
Амбасадорот на ЕУ, Гир се осврна на младите и како да се задржат во земјава. Според него, потребно е инфрструктура ,здравство, образование, реформи во судство, владеење на правото.
Според Никица Мојсовска, извршниот директор на „Македонја 2025“, одлуките што се носат денес ќе влијаат во иднина. Ги повика политичките пратии, граѓаните, да ја прифатат платформата за просперитетна иднина како неформален договор за подбра иднина.
Годишниот деветти самит „Македонија 2025“ ќе се одржи во хибриден формат, од денеска до четврток.
Ана Јосифоска- Тодоровска
