Проектот 1.000 книги од најголема корист за студентите
15.03.2014 17:26
Насловите им се од најголема корист на студентите. Околу 300 секојдневно од нив ги подготвуваат докторските тези, семинарските и испитите...

За неколку недели стартува колoквиумската сесија .Во читалната 1000 книгисе бара место повеќе. Се поинтензивно се користат 874 наслови од 11области од проектот превод на 1000 стручни книги , од кои се учи на реномираните Кембриџ, Харвард, Јеил.
Насловите им се од најголема корист на студентите. Околу 300 секојдневно од нив ги подготвуваат докторските тези, семинарските и испитите.
Најбарани се насловите Куби Имунологија и Медицинска физиологија. Библиотекарите велат дека се чека во редици за книгите. Често се случува да нема за сите студенти. Ги користат и научниците и истражувачите.
Оваа литература е задолжителна за околу 60.000 македонски студенти. Изборот на наслови е направен по предлог на факултетите и универзитетите кои ги креираа листите на учебници кои им се неопходни во наставата.Очекувањата се дека тие ќе гоподигнат квалитетот на македонските студенти.
Книгите се достапни во 32 универзитетски и народни бибилотеки, а и може и да се купат. Проектот 1.000 книги има и своја интернет страна, на која имформации за делата на плеада светски автори и врвни професори.
Викторија Тодоровска
