Ковид-19

Британија ја одобри вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“

02.12.2020 10:11

Според британскиот регулатор вакцината која обезбедува 95-процентна заштита од коронавирусот е безбедна за употреба.

Велика Британија е првата земја на светот која ја одобрила широката употреба на вакцината против Ковид-19, што заеднички ја развија „Фајзер“ и „Бионтек“. Според британскиот регулатор вакцината која обезбедува 95-процентна заштита од коронавирусот е безбедна за употреба.

Имунизацијата би можела да почне за неколку дена, а вакцината прво ќе ја примат високоприоритетните групи, во кои спаѓаат жителите на старечки домови, луѓето над 80 години и здравствените лица.

Земјата обезбедила 40 милиони дози од вакцината, што е доволно да се вакцинираат 20 милиони луѓе, бидејќи е потребно секој да прими по две дози.