Коронавирус
Пандемијата ја зголеми сиромаштијата во светот
02.12.2020 10:33
На едно од 33 лица му е потребна помош за да ги задоволи основните потреби, како храна, вода и санитарни услови во 2021 година, што е зголемување за дури 40 насто.

Обединетите нации соопштија дека поради пандемијата на коронавирусот бројот на луѓето во светот на коишто им е неопходна хуманитарна помош за да преживеат достигнал нови рекорди бидејќи е драматично зголемена екстремната сиромаштија.
На едно од 33 лица му е потребна помош за да ги задоволи основните потреби, како храна, вода и санитарни услови во 2021 година, што е зголемување за дури 40 насто.
Според процената, помош ќе им биде потребна на 235 милиони луѓе ширум светот, а најмногу во Сирија, Јемен, Авганистан, Демократска Република, Конго и Етиопија.
