САД

Бајден вети помош за сите Американци погодени од кризата

02.12.2020 12:01

Бајден рече дека за милиони Американци кои останаа без работа, помошта мора да биде брза, и го повтори предизборното ветување за создавање добро платени работни места...

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден го претсатви економскиот тим и вети помош за сите Американци притиснати од економската криза.

Бајден рече дека за милиони Американци кои останаа без работа, помошта мора да биде брза, и го повтори предизборното ветување за создавање добро платени работни места и намалување на нееднаквоста.