Мијалков најави тужба за Шилегов
Панамската фирма што ја споменува опозицијата не е моја, вели директорот на Управата за безбедност и контра разузнавање, Сашо Мијалков и најавува тужба за нарушување на угледот...

СДСМ го повика директорот на Управата за безбедност и контра разузнавање, Сашо Мијалков да одговори дали сам на себе си ја продал фирмата регистрирана во Чешка, која според опозициската партија не ја пријавил во анкетниот лист. Според опозиционерите на иста адреса во Прага биле регистрирани двете фирми и онаа која Мијалков ја продал и онаа која ја купила.
Потврдив дека бизнисот постои во странска држава, а институциите потврдија дека нема конфликт на интереси, одговори Мијалков. Според него СДСМ нема проекти па се обидува да исконстуриа тема во разни варијанти. Панамската фирма што ја споменува опозицијата не е моја, вели Мијалков и најавува тужба за нарушување на угледот.
А медиумите пишуваат за нови 13- тендери доделени на една фирма додека опозицискиот портпарол Петре Шилегов додека бил прв човек на второстепената владина комисија за јавни набавки. Станува збор за фирмата „д- р Пановски“ чиј сопственик важи за долгогодишен спонзор на СДСМ. Шилегов е без конкретен одговор за обжалените тендери.
„Шилегов не делел тендери одлучувал по жалби поднесени до второстепената комисија“, одговори портпаролот на СДСМ.
Претходно медиумите пишуваа дега Шилегов во неколку наврати како претседател на второстепената владина комисија обжалените јавни набавки откако ќе биле разгледани, потписот на решенијата кој да го добие тендерот го ставал за блиски фирми до СДСМ. Едната е Семос, а втората е Брилијант, која е спонзор на опозицијата.
Миле А. Ристески
