ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира во 16 града
02.12.2020 14:00
Од партијата најавија дека ќе испратат порака до премиерот Зоран Заев дека е доста со понижување и распродажба на историјата.

ВМРО-ДПМНЕ денес ќе протестира во 16 града. Од партијата најавија дека ќе испратат порака до премиерот Зоран Заев дека е доста со понижување и распродажба на историјата.
Велат, продолжуваме заедно со народот во битка за одбрана на честа и достоинството на македонската држава и македонскиот народ.
Протестите во Скопје ќе почнат во 15 часот пред Владата и Министерството за надворешни работи.
