Кучешкиот трн -тајната на тибетската долговечност
Древната тајна на тибетската медицина е маслото од кучешки трн, растение кое е познато уште како волчји трн или сибирски ананас. Грмушката со ситни портокалови бобинки со латинско име Hippophae rhamnoides, која расте во студени и сурови услови илјадници години, претставува храна и моќен лек за многу тегоби. Сега и медицината го докажа и го прифати ова растение со многу благотворни својства за здравјето на луѓето како народен лек.

Кучешкиот трн содржи 190 нутриенти и фитонутриенти неопходни за функционирање на организмот. Богат е со флавоноиди кои го намалуваат ширењето на малигните клетки, влијаат на намалување на болки и воспаленија, а помагаат и за постигнување на нормална телесна тежина. Од сите лековити растителни масла научниците го ставаат на врвот зошто има 1001 примена за здравје и за убавина. Поволно е за женското хормонално здравје, а за неговите лековити својства познати од дамнина, сведочат записи стари иладници години од античките народи. Старогрчкиот философ Теофраст го спомнува во текстото"Historia Planarum". Во Тибет го викаат масло на животот. Русите го користат во сите варијанти, а и на запад постои голем интерес за маслото од кучешкиот трн.
Чудотворните бобинки ги содржат речиси сите познати минерали и витамини и се силен антиоксиданс. Неговата антиоксидативна снага е 70 000 според ОРАК скалата. Има 3 пати повеќе витамин А од морковот, 10 пати повеќе витамин Ц од портокалот и најмногу витамин Е од сите познати овошја. Ги содржи и витамините Б1, Б2, Б3, Б6, Д и К1. Содржи 20 минерали како железо, бакар, манган, селен и други. .
Маслото од кучешкиот трн е единствено на светот што ги содржи сите омага масни киселини-3,6,9 и како круна најреткиот омега 7.
Омега 7 е клучен градежен материјал за елементите на кожата, косата и ноктите. Помага во борбата против брчки, при губењето на еластичноста и стареењето на кожата. Дејствува на создавањето на колагенот и ја заштитува од оксидативни оштетувања. Омега 7 масната киселина има неверојатно дејство на здравјето на срцето и крвните садови со смирувањето на воспалителните процеси измазнување на внатрешноста на крвните жили и спречува стенози односно затнување на вените и артериите затоа што не дозволува таложење на холестеролот во нивната внатрешност. Го намалува и нивото на Ц-реактивниот протеин ( ЦРП) кој е поврзан со воспаленија на артериите.
Омега 7 во маслото на кучешкиот трн го намалува апетитот, зашто дава чувство на ситост, а клиничките испитувања покажале дека е делотворно при топење масни наслаги зошто има ензими кои ги согоруваат мастите.
Му помага на телото да ја претвори гликозата во енергија, наместо да се таложи како сало, Помага и за одржување на чувствителноста на инсулинот, која е намалена кај дијабетесот тип 2.
Сите овие состојки го чинат лековит за урогениталниот систем, за кожни болести, за намалување на телесната тежина и за дијабетесот, за здравјето на очите, за органите за варење, за дишните патишта, крвните садови, имунитетот, регенерацијата на ДНК клетките,
Кучешкиот трн е делотворен кај низа кожни проблеми како дерматитис, псоријаза, акни, рани, опекотини, егземи и стрии.
Неговата делотворност ја потврдуваат и истражувањата објавени во научниот часопис Biochemical and Biophysical Research Communications.
Традиционално се користи за астма, хронична кашлица и други проблеми со дишните патишта. Го јакне имунитетот и спречува инфекции.
Маслото од кучешки трн видливо го намалува штетниот холестеролот, а делотворен е и за чир на желудник и проблеми при варењето на храната, зашто со обвивката што ја создава во внатрешноста на желудникот се спречува штетниот ефект од патогените микроорганизми како хеликобактер пилори и ешерихија коли. Во студијата објавена во научниот часопис ISRN Pharmacology научниците презентираат дека го спречува и растот на туморските клетки при лимфна леукемија како и други видови рак. Докажан е и позитивниот ефект на когнитивните способности и дегенеративните невролошки заболувања. Од бобинките на кучешкиот трн може да се напрвата и вкусни сокови, мармалади, чаеви, но најделотворно е маслото кое се користи за подобрување на целокупното здравје.
Соња Стојановска
