ПАТУВАЊЕ

Петра – Мистериозен град кој не престанува да воодушевува

02.12.2020 14:10

Суровата убавина на Петра привлекува милиони посетители. Целиот град е како уметничко дело, насликано на платно изработено од природен камен што ја менува бојата на секој час.

Преку домот зграда на Гробот на свилата, светлината се прекршува во нијанси на црвена, сина и окер, а подот на црквите од византиско време се сé уште поплочени со шарени мозаици.

Таканаречениот Град на розите потсетува на саќе од рачно издлабени пештери, храмови и гробници.

Скриена од текот на времето и променливиот песок, Петра ни раскажува за изгубената цивилизација на Набатејците, номадски песочен народ чие кралство извирало од овие карпи и врвови, а неверојатното богатство растело преку профитабилната трговија со темјан.

Контролата над изворите на вода и скоро магичната способност да исчезнат помеѓу пукнатините во карпата, гарантираа дека Набатејците ќе останат непобедливи со векови.

Римјаните дошле на подрачјето на Петра во 63 година п.н.е. и така започнале нова ера на голем просперитет и монументална градба, како театар што може да собере шест илјади луѓе.

Издлабени во карпите, славната ризница и манастир поседуваат јасни хеленистички карактеристики на уметноста. Знаејќи дека оваа зачудувачка архитектура е постигната со резба од горе надолу, ги прави овие урнатини уште поимпозантни достигнувања.

Петра била откриена во 1812 година од швајцарскиот истражувач Јохан Буркхарт и не престанува да нè изненадува со своите тајни. Дури и денес, археолозите истражувале помалку од половина од ископувањата, а во 2016 година, со помош на сателити, била откриена прекрасна градба што останала закопана во песок. Не е ни чудо што Петра е сè уште најпопуларна туристичка дестинација во Јордан и едно од најпочитуваните места што го сочинуваат Светското наследство.

Петра се наоѓа на три часа од главниот град Аман. Автобусите секојдневно ги носат туристите до оваа дестинација, заедно со организирани тури и приватни такси.

Петра не е место што може да се посети за еден ден. Целиот град зафаќа стотици квадратни километри и додека се достапни магариња, камили и кочии со коњи што можат да го скратат времето на патување, на повеќето локации во Петра најдобро се стигнува пеш. Подгответе се да се искачите по стрмен терен!

Петра е отворена за туристи цела година, затоа изберете сами кога сакате да ја посетите. Пролетта и есента нудат најпријатно време со фантастични прекршувања на светлината, додека во лето температурите се превисоки.

Дијана Гогова Атанасова