Политика

СДСМ: Опозицијата не сака фунционално Собрание

02.12.2020 14:51

Опозицијата не сака функционално Собрание реагираат од владејачката партија СДСМ. Посочуваат дека поднесениот големи број на амандмани е несериозна работа и деструктивно однесување. Од ВМРО – ДПМНЕ велат, поднесените амандмани се реакција на арогантното однесување на власта во Собранието...

Опозицијата не сака функционално Собрание велат од СДСМ и посочуваат дека бројните несериозни амандмани кои ги поднесе опозициската партија се класичен пример на блокада на Собранието. И покрај, како што велат, апсурдната состојба, сепак од владејачката партија уверуваат дека Собранието иако забавено, ќе продолжи да работи.

За ВМРО-ДПМНЕ носењето на предлог- деловник без консултација на опозицијата е спротивно на Уставот. Оттаму, велат дека поднесените амандмани се реакција на арогантното однесување на власта во Собранието.

Минатата недела, во отсуство на опозицијата, парламентарното мнозинство со 61 глас ја утврди потребата од менување на Деловникот по скратена постапка.

Опозицијата поднесе над три илјади амандмани за да оневозможат менување на Деловникот без консенсуз.

Дијана Ценевска