Можност да се спаси зимската сезона
Одлуката за работа на ски центрите според ковид протоколите шанса да се спаси зимската планинарска туристичка сезона по летно- пролетното сезонско ковид фијаско. Од поодамна започнатите подготовки на пелистерските ски центи се во завршна фаза. Угостителите ветуваат поевтини пансионски пакети...

По бедната пролетно- летна сезона со регистини само 1.500 гости и окулу 5.500 ноќевања, главно по основ на карантинско сместување и користење на вредносните ваучери, на Пелистер попозитивно се гледа на престојнава зимска сезона по одлуката дека ски центрите можат да работаат. Дел од традиционалните доходовни содржини ќе ги нема, но надеж за планискиот туризам се раѓа.
На ски центарот Копанки сега се работи со посебен елан. За десетина дена се очекуваат безбедносните сертификати, а во завршна фаза е спроведувањето на акцискиот план поддржан од ЕСМ, а започнат на почетокот од минатиот месец.
Раководителот на хотел „Молика“, Димитар Димитровски вели дека и технички и кадровски се подготвени да одговорат на ковид протоколите. Можноста да се има скијање дава шанса да се раздвижи и угостителско- сместувачкиот дел.
Надеж влеваат и прогнозите на медицинските експерти дека до крајот на месецов бројот на активни ковид случаи ќе опаѓа. Сепак најповеќе од посветеното почитување на ковид протоклите и состојбите со снег, ќе зависи колку и како скијачите ќе скијаат во двата пелистерски ски центри.
Стевче Митревски
