Истражување

Неплатена работа за нега во домашни услови

02.12.2020 15:30

Да се зголеми паричниот надомест за нега на трето лице во износ на минималната плата, бараат од невладината ЕСЕ. Според истражувањата на неплатената работа за нега се проценува на над 260 илјади денари годишно по давател на нега. Податоците покажуваат дека жените го носат најголемиот товар, дури 73% од примарните даватели на нега се жени...

Скопјанката Марија Лажовска веќе 30 години се грижи за својата мајка. Вели, 24 часа, седум дена во неделата е со обврски, тешко е, ама родител не се остава. Иако нејзината мајка е зависна од туѓа нега, од државата не добила парична помош. Лажовска е испарвена пред сериозена обврска, како впрочем и многу жени во државата.

Истражувањето покажало дека во 15 проценти од домаќинства во Макеоднија има член во семејството на кого му е потребна грижа и нега постојано. Во 73 проценти, жените се тие што се грижат за беспомошните членови.

40 проценти од жените кои мора да се грижат за тешко болен или немоќен член од семјството, не можат да работат или заработуваат помалку, често се отсутни од работа поради што добиваат отказ. По собраните податоци на терен, невладините го кренаа гласот. Влеат, помошта која државата ја дава за нега од околу 4.000 денари е многу мала.

Семејствата за потребите за нега во просек имаат трошоци над 7.000 денари месечно за набавка на лекови, медицински материјали, здравтсвена заштита за лицето кое има потреба од нега.

Вредноста на неплатената работа за нега се проценува на над 260.000 денари годишно на давател на нега. Всушност, тоа е вредност која претставува заштеда за државата, бидејќи луѓето ја вршат во домаќинствата без да бидат платени за тоа.

Барањата на невладините се доставени до надлежните иснституции во државата.

 

Наташа Јанчиќ- Меновски