Ангелов: Состојбата е стабилна, има доволно болнички капацитети
Состојбата е стабилна, има доволно болнички капацитети- вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Донесен е акцискиот план за кризната состојба. Содржи 17 мерки и повеќе активности. Главниот штаб очекува од здравство зелено светло за вклучување на приватните болници...

Состојбата е стабилна, засега има доволно болнички капацитети- оценка на првиот човек на Кризниот штаб, Ангелов. Доколку се зголеми бројот на заболени на кои им е неопходно и болничко лекување, ќе бидат вклучени и приватните здравствени установи, со одлука на Главниот штаб. Се чека финализирање на соработката.
Според проценките на Кризниот штаб, неопходно е да се прогласи продолжување на кризната состојба, за да може да бидат ставени во функција сите потребни ангажмани од Армијата и Полицијата, но и од приватниот сектор и други институции во борбата со коронавирусот.
Зелено светло за продолжување на кризната состојба за шест месеци даде и Владата. Собранието за ова треба да се произнесе до 19-ти декември.
Наташа Гркова- Петрушевска
