Субвенциите го зголемија градинарството

15.03.2014 17:52

Еден ден на нива, еден ден на пазар. Ова е животот на градинарот Југо Трпевски од Илинден. Дваесет години е во земјоделството, и вели има добра заработувачка...

Семејството  Трпевски од Скопско својот бизнис во земјоделството  од година во година го  шири . Произведуваат на 35 хектари градинарски култури.Земаат субвенции ,а  со  средствата од Ипард програмата ја обновуваат механизацијата. Работат со најновата технологија, пневматска машина за садење...

Еден ден на нива, еден ден на пазар. Ова е животот на  градинарот Југо Трпевски од  Илинден. Дваесет години е во земјоделството,  и вели има добра заработувачка.  На 35 хектари произведува цвекло ,морков ,пашканат.Само од еден тон произведува од 5 до 7 тони цвекло. Земјата треба добро да се обработи,  а растението навреме да се заштити . За неговите производи има интерес од конзервната индустрија.

Неговиот  22 годишен син е исто толку вреден. Заедно  ги ораат нивите  од изутрина па до пладне.Борче вели не е лесно но дадава работата го краси човекот,знае трактор да вози од дванаесеттата година .

Субвенциите се добредојдени вели Југо, добива и за производството и за предадени производи во индустријата. Има неколку трактори, има машина за садење, но не застанува тука. Сега ќе аплицира и за средства од ИПАРД.

Овој земјоделец  нивата  ја подготвуваше за пролетната сеидба .Иако  цвеклото не е посадено,  пласманот е обезбеден .

Заклучно со 2015 година на земјоделците ќе им бидат исплатени вкупно  670 милиони евра за субвенции во земјоделството.Целта е  зголемувањето на конкурентноста на македонскиот земјоделски производ. До 2016 година планирано е субвенциите во земјоделството да достигнат повеќе од една милијарда евра. Од 2006 година во земјоделството се вложени  637 милиони евра.

 

Дијана Ценевска